Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Пребарувај низ базата на
Стипендиски програми| Конкурси
line1
Што се стипендии?

Стипендии се еден вид на финансиска помош, доделена на поединци за целите на нивното образование, обука, професионален развој или истражување. Стипендии може да се доделат врз основа на академски достигнувања и/или лидерски потенцијал (стипендии засновани на заслуги), специјални таленти (како што се спорт или сценски уметности), социјален статус (стипендии базирани на потреби) или врз основа на припадност на одредена социјална или етничка група.

Видови на стипендии за високо образование

Стипендиските програми вклучуваат неколку степени (додипломски, магистерски и докторски студиски програми), краткорочни студиски програми, професионални програми за развој (семинари, конференции, работилници, стажирања и др.) научни истражувања, учење на јазик итн.

Стипендиите можат да бидат целосни или делумни. Целосните стипендии ги покриваат трошоците за школарина, сместување и храна, лични  трошоци и дополнителни наставни материјали, како на пример книги, додека делумната стипендија може да опфаќа еден или повеќе од истите трошоци, но не сите од нив.

Кој доделува стипендии?

Стипендиите ги доделуваат многубројни институции, организации и поединци од сите сектори на општеството - јавни, граѓански, корпорациски и приватни сектори. Најчести меѓу нив се:
  • Високообразовни институции (факултети, колеџи, универзитети итн.)
  • Национална или локална влада (министерства, окрузи/провинции, градови итн.)
  • Меѓународни организации
  • Фондации
  • Невладини организации
  • Приватни компании
  • Приватни донатори

Кое е поширокото значење на стипендиите?

Стипендиите се важни за општеството поради голем број на причини. Најнапред, стипендиите создаваат поотворен пристап до високото образование за оние кои се заслужни, како и за оние кои немаат пристап до високо образование без дополнително финансирање. Со зголемување на пристапот до високо образование, стипендиите придонесуваат за демократизацијата на високото образование и зголемување на бројот на високо образовани граѓани.

Второ, стипендиите поттикнуваат иницијативи за соработка помеѓу високообразовните институции и претставниците на јавниот, граѓанскиот и корпоративниот сектор. Тоа пак, гради подобри врски помеѓу универзитетите и нивните пошироки заедници во однос на достапноста на образовните програми, од една страна и видот на образование и обука што се бара во сите сектори на пазарот на труд, од друга страна.

И за крај, стипендиите се важен фактор за подигнување на академската мобилност на студентите, истражувачите и професорите во рамките на високото образование во Европа и пошироко, што е една од главните цели на Болоњската декларација. Создавањето и спроведувањето на заеднички стипендии, заедно со образовните програми за размена на студенти, придонесуваат за националната и меѓународната соработка на универзитетите со други институции вклучени во високото образование.

hult  650x100

banner-scholarships-250x250